Тепачка завршила со смрт, полицијата започна истрага

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Велешката полиција лишила од слобода 20-годишно лице во село во општина Чашка поради физичка пресметка со 62-годишник, кој починал кратко по тепачката. Лишењето од слобода се случило 20 минути по полноќ, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Како што се наведува во соопштението, синоќа во 20.30 часот настанала физичка пресметка помеѓу двајцата. Потоа, помладото лице го напуштило местото, а по кратко време, Р.С. бил пронајден починат.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Велес. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител од ОЈО Велес, како и екипа на СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Share This Article