Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде десетици илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење.
Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на срамните предлози од Бугарија.
Демонстрантите, момчиња кои своите црни маици ги ставиле како качулки на глава фрлаат предмети кон зградата на Собранието и скандираат „Стево вошка“, „Уа фашисти“…
Пред Собрание е и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
фото: Република.мк и МИА