Холивудската актерка Никол Кидман го привлече вниманието пред хотел во Њујорк каде се одржа прикажувањето на еротскиот трилер „Babygirl“, во кој главната улога ја има 57-годишната актерка.
За оваа пригода Никол носеше црна ролка, широки сиви панталони и црни чевли. Судејќи по фотографиите, актерката била добро расположена.
Нејзините фотографии деновиве се шират на социјалните мрежи. На социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, некои пишуваат дека Никол им изгледа премногу слаба, додека други пишуваат дека актерката никогаш не изгледала подобро.
Британски „Сан“ пишува дека „Кидман одлично го портретирала ликот во новиот филм благодарение на својот сексапил“. Во филмот „Babygirl“, оскаровката глуми успешна извршна директорка и семејна жена која започнува афера со многу помлад приправник.