More

    Тенискиот ас видел многу маки додека се школувал

    spot_img

    Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ морал многу рано да порасне, да почне да го разбира тенисот како професија и поради тоа, меѓу другото, настрадало и неговото школување. За жал, не сите го разбирале фактот дека поради тренинзите, турнирите, спортските резултати и напредокот, малиот Новак не секогаш успевал да стигне на час.

    Српски Мондо пишува за маките од училишните денови на Ѓоковиќ.

    Како основец учел во училиштето „Бора Станковиќ“ во Бањица, каде што израснал. Паралелно со часовите одел и во тениската академија на Никола Полиќ, ги покажувал своите вештини преку граница, на турнирите во јуниорски категории, имал премногу обврски за да може редовно да оди на училиште.

    Иако се запишал во спортска гимназија, неговата мајка Дијана Ѓоковиќ се присетила на сите проблеми што ги имала поради специфичната ситуација.

    На крајот таа се обратила до дисциплинска комисија!

    – Не разбраа дека не може да седи во училишната клупа. Морав да одам во дисциплинската комисија, да им објаснам каде е мојот син. Се разбира, ме оцрнија и на крајот го избркаа, односно го испишаа од таа спортска гимназија. Им реков никому да не кажуваат дека се само едно „с“ од спортска гимназија. Требаше да му дадат поддршка, да му го дадат материјалот за да го совлада – изјави Дијана Ѓоковиќ во емисијата „Спортлајт“.

    Новак израсна во многустран човек, исклучително образован и покрај фактот што всушност имаше проблеми со формалното образование поради тоа што околината немала доволно разбирање за него. Сега во Кина повторно ја воодушевува публиката кога ќе ѝ се обрати на кинески и едвај оди негде без да каже збор на јазикот на домаќинот.

    Како што истакна самиот, тој сага сака да се школува на факултет и тоа е еден од проектите на кои ќе се посвети кога ќе заврши со тенисот.

    – Не знам дали следната година или за пет години, но дефинитивно би сакал да имам универзитетска диплома. Тажен сум што не успеав како млад човек, иако сум исклучително благодарен за сè што имам и што сум постигнал… Тоа е куќа на знаење, а јас сум многу љубопитен. Најмногу ме интересираата темите за здравје. Би сакал да ги проучувам и античките цивилизации и археологијата. Во овој период од животот пробувам да сфатам што ме интересира најмногу. Во ова модерно време можете да направите многу работи на интернет, што е можеби најдобриот метод во мојот случај, бидејќи јас сум и тенисер и родител – изјави еднаш Новак Ѓоковиќ.

    Додека мајка му Дијана морала да оди на дисциплински комисии, неговиот татко Срѓан секогаш нагласуваше колку верува во својот син. Не е мала одлука да се подреди сè на спортската кариера на синот.

    – Тоа беше тешка и ризична одлука што ја донесовме јас и мојата сопруга, никој не можеше да гарантира дека сè  ќе ни се врати. Верувавме во него, во неговите играчки и човечки квалитети, како и сите родители. Најголемиот проблем на светот на тенисот е нереалниот став на родителите. Така тие ги уништуваат децата и семејството и во повеќето случаи тоа завршува лошо. Тие не сакаат да ја слушнат вистината што им ја кажуваат стручњаците овде и во светот. Јас се однесува сосем спротивно. Знаев дека тенисот е скап спорт, за нас беше непознаница, не можевме да го процениме неговиот квалитет. Кога имаше осум години, Јелена Генчиќ, која му даде многу во животот, ми рече дека тој, заедно со Моника Селеш, е најголемиот талент што некогаш го видела. Тоа беше охрабрувачки за нас, но не ги расчисти сомнежите. Не слушнавме различно мислење ниту од другите експерти – изјави таткото на Ѓоковиќ во интервју за „Курир“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img