Тендерот вреден 11,2 милиони евра за терминалите за гласање со отпечаток на прст стаса на разгледување пред Антикорупциска комисија. Како што објави ТВ 24, во Комисијата веќе стигнала техничката документација и финансиските документи за тендерот. Откако ќе биде разгледана, на разговор ќе биде повикан и претседателот на ДИК Александар Даштевски, а не се исклучува да бидат повикани и членовите на ДИК кои беа членови во тендерската комисија.
Тендерот го доби фирмата „Дермалог“ со седиште во Хамбург, која е најголемата германска фирма за изработка на биометриски апарати. Но, до ланските локални избори во Македонија „Дермалог“ имала скромно искуство и негативни критики за време на парламентарните, а подоцна на претседателските избори во Авганистан во 2019 година.