ТЕЛОТО НА ДАНКА ГО БАРААТ НА ГРОБИШТА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата отишла на Новите гробишта во селото Злот, каде ќе ископува различни делови од таа територија во потрага по телото на 2-годишното девојче Данка, известува српски Блиц.

Цела Србија се прашува каде е телото на девојчето, но тоа останува непознато бидејќи осомничените за убиството на Данка Илиќ сѐ уште молчат каде го сокриле.

Вниманието на јавноста и властите сега е насочено кон најнепристапниот терен во источна Србија, Кањонот Лазарев.

Да потсетиме, од тоа село потекнува сега починатиот соучесник кој е осомничен дека му помагал на својот брат, првоосомничениот Дејан, кој управувал со автомобилот на кој налета девојчето кобниот ден.

Мајката на двајцата осомничени ќе биде сослушана и во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а нејзината приказна можеби ќе биде значајна за оваа загатка и истрага кога станува збор за откривање на локацијата на телото на 2-годишната Данка Илиќ.

Мајката на Данка денеска ја придружува полицијата до гробиштата во Злот.

Share This Article