Телото на 8-годишната Нарин Гуран по која трагаа турските власти е пронајдено во поток на 1,5 километри од селото каде живеело

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Телото на 8-годишната Нарин Гуран по која трагаа турските власти е пронајдено во поток на 1,5 километри од селото каде живеело. Трупот ќе биде предадено на обдукција која треба да ги даде потребните одгоовори. Нарин исчезна на 21 август во Дијарбакир. Полицијата забранила влез и излез во селото, а била претресена секоја куќа.

Нарин исчезнала кога се враќала дома со другарките, но се одделила од нив и оттогаш ја снемало. Полицијата дури го привела и нејзиниот 18-годишен брат кај кого биле пронајдени траги од гризнување, а потоа го привеле и нејзиниот чичко.

Турските медиуми објавија дека тој по исчезнувањето на 8-годишното девојче од својот телефон ја избришал историјата на повици и СМС пораки.

Во текот на истрагата биле откриени траги од ДНК во неговиот автомобил кои ѝ припаѓале на малата Нарин.

Нејзиниот брат, кој имал траги од гризнување, подоцна бил ослободен, бидејќи во Истанбулскиот институт за судска медицина не можеле со сигурност да потврдат дека трагите припаѓаат на девојчето.

 

Share This Article