More

    Телма го откри местото каде било запалено возилото на монструмите

    spot_img

    Трагите од запалениот автомобил „цитроен“, со кој беше грабната 14-годишната Вања Ѓорчевска, водат во атарот на селото Бразда, Општина Чучер Сандево, на половина пат кон спортскиот аеродром „Стенковец“, објави телевизијата Телма.

    Во близина на опожареното возило, според првичните информации, било закопано телото на Вања.

    Но, дотаму не бил можен пристап во текот на денот бидејќи местото го обезбедувала полицијата која не дозволувала приближување и снимање.

    До местото може да се стигне исклучиво по земјен пат кој малкумина го знаат, па според Телма, дури ни мештаните на селото не ја знаат точната локација каде што било запалено возилото.

    Девојчето, како што беше соопштено на денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски, било убиено околу 10 часот – два и пол часа по грабнувањето од влезот на зградата во која живеела во скопски Центар.

    Времето на убиството засега се определува според исказите на осомничените кои признале вина, а потврда со материјални докази допрва се очекува, меѓу другото, и по завршување на обдукцијата.

    Освен од Бразда, Телма објави снимки и од дупката во Велешко во која било оставено телото на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, кој бил убиен неколку дена пред Вања.

    За убиството на велешанецот, како што соопшти министерот Спасовски, осомничени се истите лица кои се сомничат дека го извршиле грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања. Но, како што посочи министерот, девојчето и велешанецот немале никаква врска еден со друг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img