„Обрзувачки ветувања“ и „конкретна промена на однесувањето“ во пристапот на Шведска кон тероризмот, побарал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од шведската премиерка Магдалена Андерсон, соопштија од неговиот кабинет.
Ердоган ѝ рекол на Андерсон дека не забележал никакви конкретни потези кои би ја ублажиле загриженоста на Туркије.
Да потсетиме, Туркије ги блокираше Шведска и нејзиниот сосед Финска за аплицирање во НАТО, со образложение дека земјите се премногу благи до Курдистанската работничка партија, која Туркије ја смета за терористичка организација.