More

    Текстилците се затрупани со нарачки, ама нема кој да ги сошие

    spot_img

    Македонските текстилни компании имаат страшно многу големи нарачки откако европските компании одлучија да го префрлат производството од Азија во Европа, но се плашат дека нема да можат да ги произведат нарачките бидејќи имаат недостиг од работници. Ова во интервју за МИА го тврди Ангел Димитров, претседател на Собраниетот на Организацијата на работодавачи.

    – Се наоѓаме во некоја интересна состојба. Многу европски брендови не само во текстилната индустрија, туку и во другите индустрии за време на короната се соочија со кинење на ланците на снабдување и со раст на цената на бродскиот транспорт, така што сега има една нова идеја  производството да го префрлат поблизу до Европа. Македонија е идеална позиција за тоа и од тогаш наваму имаме страшно големи нарачки. Значи, она што се повлече од Бангладеш, што се повлече од Пакистан, доаѓа кај нас. Тие направија дури и реклами во Германија и во Европа дека ова е произведено во Европа, овде се почитуваат работничките права, социјалните сигурности на работниците се повисоки. Безбедноста за работа не е како во Бангладеш бидејќи претходно беа сите брендови критикувани за она што го работат во Виетнам или во Бангладеш каде што покривите паѓаат врз главите на работниците. Така што, тоа е добро дојдено за нас, да имаме повеќе работа, но сега се судруваме со проблем да немаме доволно работници за да ги задоволиме сите зголемени нарачки.

    Тој предлага проблемот да се реши со либерализирање на пазарот на труд со што ќе се дозволи да се вработуваат стрнци во нашите компании.

    -Ако Владата излезе со решение за либерализација јас мислам дека веќе оваа година ќе се појават првите странски работици, бидејќи ви кажав дека агенциите се подготвени, веќе нудат работници. Ако се олесни процедурата за вработување, ќе може да се направи. Јас да речеме добив од една Агенција од Скопје понуда за работници од Непал. Значи, таа преговарала, има таму доволно заинтересирани луѓе кои имаат искуство веќе со машини за шиење, бидејќи знае дека јас сум од таа брнша, па и ми понуди такво нешто, но сигурно некои разговарале и со други држави. Бангладеш, Пакистан, Флипини, Индонезија се држави кај што имаат трипати пониски плата од нашата и мислам таму може да се разговара. Тоа би бил процес, тоа не може преку ноќ да биде. Треба да се обезбеди се, но би било во интерес на опстанок на нашата економија – вели Диммитров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img