Американската пејачка и текстописец Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди Билборд е „најдобриот подарок за ран роденден“ за неа.
Поп-ѕвездата освои 10 награди, вклучувајќи врвен изведувач и врвен албум на Билборд 200 за музичкиот албум „The Tortured Poets Department“, за вкупно 49 награди во кариерата.
„Ова е најдобриот подарок за ран роденден што можевте да ми го дадете, па ви благодарам многу. Навистина ми се допаѓа, тоа е токму она што го сакав“, рече Свифт во претходно снимениот говор пред нејзиниот 35-ти роденден во петокот.
Наградите доаѓаат откако таа ја заврши својата рекордна турнеја Ерас во неделата, која доминираше во вестите во текот на 21-месечниот период.
„За се што е поврзано со турнејата Ерас и албумот „The Tortured Poets Department“, само треба да ви се заблагодарам“, рече таа, обраќајќи им се на своите обожаватели. „Тоа ми значи се, ми значи дека ја прифативте мојата работа и многу ми значи тоа што толку многу се грижите за мојата музика.
На доделувањето многу награди добија и британските ѕвезди како Ду Липа и групата Колдплеј.
Меѓу другите добитници на награди се раперот Дрејк, кој беше прогласен за најдобар рап изведувач, најдобар рап машки изведувач, а доби и признание за најдобар рап албум „For All The Dogs“. Доја Кат е најдобар рап пејач, а наградата за најдобра рап песна ја доби Кендрик Ламар за „Not Like Us“.
Наградата за најдобар нов музички уметник отиде во рацете на американската кантавторка Чапел Роан, која рече дека и требало долго време да се пробие во музичката индустрија.
Билборд е американски неделник посветен на музичката индустрија, основан во Синсинати во 1894 година. Се смета за еден од најрелевантните и најнепристрасни извори на информации за музичката индустрија. Неделно објавува некои од најважните меѓународни топ листи на најпопуларните песни и албуми во различни категории. Се издвојува Billboard Hot 100, кој ги рангира 100-те најпопуларни песни без разлика на жанрот и се користи во САД како стандарден показател за физичка и дигитална продажба и радио емитување, додека Billboard 200 е сличен показател за продажба на албуми.