Тејлор Свифт ги воодушеви обожавателите на своите први два концерти на долгоочекувана турнеја „The Eras“, но со еден потег ги изненади фановите.
Пејачката во текот на настапот скокна од сцената и заплива под неа, а снимката од тој момент стана вирален хит.
„Ова е најлудото нешто што сум го видел“, „Зошто пливаше, дали е добро?“, „Дефинитивно најдобриот момент на концертот“, „Сè уште не ми се верува дека Тејлор го направи тоа“, се само некои од реакциите на Твитер.
Малку подолго видео беше објавено и на ТикТок и за кратко време собра повеќе од 15,6 милиони прегледи. „Таа навистина реши да ја надомести целата таа драма со билетите“, „Не ми се верува дека можеше да го задржи здивот толку долго“, „Во што скокна?“ се само дел од коментарите на корисниците.
Инаку, Тејлор на концертот во петокот изведе 44 песни, нови и стари, а на стадионот „Стејт фарм“ во Аризона се собраа околу 80.000 обожаватели. Американскиот град беше преименуван поради овој концерт. Турнејата на Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерт од уметник за еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони.
Пејачката последен пат беше на турнеја пред пет години и за тоа време објави четири албуми, меѓу кои и „ Folklore“ ,добитник на Греми. Покрај тоа, само еден ден пред почетокот на турнејата, Свифт објави четири нови песни.
И покрај големиот интерес и пофалби од фановите, турнејата на Тејлор Свифт не помина без скандали. На почетокот на декември минатата година, обожавателите на пејачката поднесоа тужба против Тикетмастер, американска компанија за продажба и дистрибуција на билети.
Тие го обвинија Тикетмастер за „измама, местење цени и кршење на антимонополските права“. Тужбата, исто така, го обвини Тикетмастер за „намерна измама“ што им овозможи на препродавачите и ботовите да земат поголем дел од билетите за турнејата „The Erasе“.
Тејлор Свифт претходно им се извини на обожавателите, велејќи дека е болно да се гледаат фановите како се мачат да обезбедат билети за нејзината турнеја во САД преку платформата Тикетмастер, на која билетите се продаваат за дури 33.000 евра.