More

    Тејлор Свифт и Џо Алвин ставија крај на шестгодишната врска

    spot_img

    Според пишувањето на порталот „Ентертејмент тунајт“, кантавторката Тејлор Свифт и британскиот актер Џо Алвин раскинале по шест години врска.

    Тие наводно раскинале пријателски и мирно, а медиумите пишуваат дека нивното раскинување било многу дискретно, како што беше и нивната врска.

    Двојката се разделила пред неколку недели и се уште имаат одличен однос.

    „Врската тргна по тој пат. Тоа е причината поради која Алвин не беше забележан на ниту еден нејзин настап“, додал изворот.

    Ваквата вест следеше откако пред само неколку недели се појавија контрадикторни приказни за нивната врска, за што пишуваше „Пипл“.
    „Џо ќе патува со неа на турнеја кога ќе може. Тие се супер заедно. Тој ја поддржува нејзината кариера“, раскажал тогаш извор, но потоа во меѓувреме се случил пресврт.

    Тејлор и Џо беа во врска од 2016 година, а таа во своите бројни песни ги изразуваше емоциите кон Британецот со кој започна да се забавува откако раскина со Том Хидлстон.

    Поранешните партнери се трудеа што повеќе да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста. Џо во 2018 година за „Вог“ призна дека постои голема љубопитност во јавноста во врска со неговата романса со Свифт.

    Иако со години беа во врска, двајцата никогаш не се појавија заедно на црвениот тепих. Џо заедно со Тејлор пишуваше музика под псевдонимот Вилијам Боуери на нејзините 3 последни албуми: „Folklore“, „Evermore“ и „Midnights“.

    Пејачката минатата година демантираше дека тие се свршиле, а Алвин во интервју за „Волстрит журнал“ истакна: „Ако имав по една фунта секој пат кога ќе ми кажеа дека сум се верил, би имал многу пари. Вистината е дека тоа никогаш не би го потврдил ниту демантирал“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img