Пејачката Тејлор Свифт ќе го режира својот прв долгометражен филм, чиј проект е во подготовка, објави американската продуцентска куќа „Searchlight Pictures“.
-„Тејлор е уникатен уметник и автор. Вистинска радост и привилегија е да се соработува со неа додека таа тргнува на ново и возбудливо креативно патување“, изјавија од продуцентската куќа.
Пејачката (32) веќе го напиша и режираше краткиот филм „All Too Well: The Short Film“, кој освои музичка награда на MTV.
Оваа година Тејлор Свифт го издаде својот десетти албум „Midnights“, додека песните од тој албум го достигнаа првото место на 100-те најдобри песни на Билборд.