More

    Тејлор Свифт ги награди вработените со повеќе од 50 милиони долари, подели огромни бонуси

    spot_img

    Во моментов најпопуларната и најплатената пејачка во светот Тејлор Свифт направи повеќе од великодушен гест и им даде огромни бонуси на сите нејзини соработници, кои работат на нејзината нова турнеја.

    Како што пишува магазинот „Пипл“, пејачката поделила дури 55 милиони долари бонуси, па само возачите на камионите, кои се 50, добиле бонус од 100.000 долари.

    Покрај нив, во нејзината екипа има и танчери, техничари за звук, организатори, луѓе задолжени за храна и многу други.

    Инаку, турнејата на Тејлор Свифт наречена „Ерас“ стана еден од најголемите спектакли оваа година, а нејзините распродадени концерти секоја вечер собираа повеќе од 70.000 фанови.

    Турнејата започна на 17 март во Глендејл, Аризона и ќе трае до 9 август, каде пејачката ќе ја заврши својата американска турнеја на стадионот во Лос Анџелес.

    Свифт заработи повеќе од 13 милиони долари за една ноќ од продажбата на билети за турнејата и е на пат да стане концерт со најголема заработка во музичката историја. Имено, според индустриското издание „Полстар“, Тејлор за време на 22-те дена од турнејата заработил околу 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на кантавторката во странство. „Полстар“ проценува дека вкупната заработка од турнејата би можела да надмине 1,3 милијарди долари, што ја прави пејачката рекордерка по заработка од концерти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img