More

    Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, се воодушевил од говорот што го одржал македонскиот премиер Христијан Мицкоски на работната вечера во Брисел

    spot_img

    Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, се воодушевил од говорот што го одржал македонскиот премиер Христијан Мицкоски на работната вечера во Брисел.

    По завршувањето на сесијата, тој самиот му пришол на колегата од Скопје и му честитал за одличниот настап.

    – Имам навистина добро мислење за техничкиот премиер на нашиот источен сосед, Димитар Главчев. Честопати разговараме. Многупати е активен на тие работни сесии, но овојпат морам да признаам дека тој не беше активен и воопшто не зеде збор. Едноставно, по завршувањето на работната сесија, на излегување, ме поздрави и ми кажа дека сум имал одличен настап, одличен говор и дека на тој начин треба да се градат односите помеѓу двете држави. Јас на тоа одговорив дека е време во блиска иднина да ја кренат рампата и конечно да почнеме да преговараме. Но, на тоа добив одговор: „Во нашиот Парламент сите се против вас“. Само овие неколку реченици ги разменивме со господинот Главчев, за кој, пак ќе кажам, имам високо мислење и насекаде каде што се сретнуваме имавме пријатни разговори – изјави Мицкоски.

    Ние како држава, додава тој, не сме како останатите држави-кандидати за членки на ЕУ.

    – Ние повеќе од 2 децении сме дел од овој процес, скоро 2 децении сме кандидати, и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, никој досега не променил знаме, име, банкноти и т.н. Сето ова создава фрустрација кај граѓаните во Македонија. И ние сме како сите што станаа членки. Имаше еден говорник од моќна држава којшто многу јасно кажа на работната вечера: „не е ова процес на поглавја и на кластери. Да тоа е, формално, ама да бидеме реални, ако немаше политичка храброст, тогаш немаше ни да има толкаво проширување на Унијата во 2004 година“. Кога зборувате за идентитетски прашања, тогаш се случува емоција. А кога ќе ви се случи емоција, тогаш многу тешко се доаѓа до решение. Затоа јас реков да ја оставиме емоцијата настрана и да зборуваме за билатерални соработки каде што ќе имаме реални и опипливи резултати – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img