Техеран сака разговори со САД, но под еден услов

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран не може да се откаже од својата програма за збогатување ураниум, која беше сериозно оштетена од бранови американски и израелски воздушни напади минатиот месец, објави Ал Џазира.

– Во моментов е запрена бидејќи, да, штетите се сериозни и тешки, но очигледно, не можеме да се откажеме од нашето збогатување, зашто тоа е постигнување на нашите научници, а сега, повеќе од сè, тоа е прашање на национална гордост – изјавил Арагчи во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ емитувано во понеделникот.

На почетокот од интервјуто Арагчи рекол дека Иран е „отворен за разговори“ со САД, но дека засега тоа нема да бидат директни разговори.

– Ако тие (САД) доаѓаат за решение од кое добиваат и двете страни, јас сум подготвен да се вклучам. Подготвени сме да преземеме какви било мерки за градење доверба, потребни за да докажеме дека иранската нуклеарна програма е мирољубива и дека ќе остане таква засекогаш, а и дека Иран никогаш нема да се стреми кон нуклеарно оружје, а за возврат очекуваме да ги укинат санкциите. Па, мојата порака до САД е: „Ајде да дојдеме до преговарачко решение за иранската нуклеарна програма“. Постои преговарачко решение за нашата нуклеарна програма. Веќе еднаш го постигнавме. Подготвени сме да го направиме тоа повторно – изјави тој.

Техеран и Вашингтон водеа разговори за нуклеарната програма претходно годинава, 7 години откако Трамп ги повлече САД од Заедничкиот сeопфатен план за дејствување, кој Техеран го потпиша со повеќе светски сили во 2015 година. Според договорот, Иран ги отвори своите нуклеарни објекти за целосна меѓународна инспекција, во замена за укинување на санкциите.

Одлуката на Трамп за повлекување од договорот дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека води „тајна нуклеарна програма“.

Иран одамна тврди дека неговата програма за збогатување ураниум е исклучиво за цивилни цели.

САД и Иран учествуваа во преговори дури и во мај, обидувајќи се да постигнат нов договор, но тие разговори пропаднаа кога Израел на 13 јуни започна изненадни воздушни напади низ цел Иран, таргетирајќи воени и нуклеарни објекти.

Во нападите беа убиени над 900 луѓе во Иран, а најмалку 28 лица загинаа во Израел пред прекинот на огнот да стапи на сила на 24 јуни.

- Advertisement -
Ad image

САД се придружија на Израел во нападите врз иранските нуклеарни капацитети, а Пентагон подоцна изјави дека иранската нуклеарна програма била „вратена назад“ за една до 2 години.

Арагчи во понеделникот рече дека Иранската организација за атомска енергија сè уште ги проценува ефектите од нападите врз збогатениот материјал и дека „наскоро ќе ја информираат“ Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за наодите.

Тој рече дека секое барање од МААЕ за испраќање инспектори ќе биде „внимателно разгледано“.

- Advertisement -
Ad image

– Ние не ја прекинавме нашата соработка со агенцијата – изјави тој.

Инспекторите на МААЕ ја напуштија земјата откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потпиша закон со кој се суспендира соработката со МААЕ претходно овој месец.

Техеран остро ја критикуваше МААЕ и нејзиниот директор Рафаел Гроси поради резолуцијата од 12 јуни, донесена од управниот одбор на агенцијата, во која Иран се обвинува за непочитување на обврските од нуклеарниот договор.

Иранските власти изјавија дека таа резолуција била една од „изговорите“ што Израел ги употребил како претекст за нападите што започнаа на 13 јуни и траеја 12 дена.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дујарик, во понеделникот изјави дека ОН го поздравуваат обновувањето на „дијалогот меѓу Европејците и Иранците“, алудирајќи на разговорите што треба да се одржат во Турција во петок меѓу Иран, Франција, Германија и Обединетото Кралство.

Трите европски земји, потписнички на поранешниот JCPOA договор, предупредија дека доколку Техеран не ги обнови преговорите, ќе следи повторно воведување на меѓународни санкции врз Иран.

Share This Article