Најдобриот стрелец на Светското првенство во 1958 година, Французинот Жус Фонтен, почина во средата на 89-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
На шест натпревари одиграни на СП 1958 година во Шведска, Фонтен постигна дури 13 гола, што и денес е рекорден број на голови за еден играч на едно СП, а со овој настап го држеше и рекордот по вкупен број на голови на на светските првенства се додека не беше престигнат во 1974 година Германецот Герд Милер, кој постигна вкупно 14 гола на два Светски првенства (1970 и 1974 година).
За Франција, Фонтен одигра вкупно 21 натпревар и постигна 30 голови.
Фонтен е роден во Маракеш, во тогашниот француски Мароко, а во 1953 година пристигнал во Ница, каде играл до 1956 година, кога се преселил во тогаш најсилниот француски клуб Ремс.
За Ремс играше до 1962 година и постигна 122 гола на 131 настап, двапати беше најдобар стрелец на францускиот шампионат, а во сезоната 1958/59. постигна дури 10 гола во Купот на шампионите што го доведе Ремс до финалето каде загуби од Реал Мадрид.