ТАВ Аеродроми, меѓународната групација со седиште во Истанбул, најави дека подготвува мастер-план за развој на двата македонски аеродроми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ТАВ Аеродроми, меѓународната групација со седиште во Истанбул, најави дека подготвува мастер-план за развој на двата македонски аеродроми. Мастер-планот, кој како што информирааат, интензивно се подготвува со поддршка од мнозинскиот сопственик на ТАВ Аеродроми, француски АДП, се очекува да биде готов во следните два месеци и до крајот на годинава, концесионерот ТАВ Македонија, како подружница на ТАВ Аеродроми, ќе ѝ го презентира планот на македонската влада.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Куртна прес-конференција изјави дека целта на мастер-планот е дополнително да ја развиеме авиоиндустријата во Македонија.

– Анализите ќе покажат што сè е потребно да се направи на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а потоа истиот ќе ѝ го презентираме на Владата. Нашата цел е да ги направиме скопскиот и охридскиот аеродром регионални авијациски центри, конкуретни на останатите аеродроми во регионот – вели Курт.

Oсвен во капитални инвестиции и развој на мрежата на нови авиокомпании и авиолинии од скопскиот и од охридскиот аеродром, ТАВ Аеродроми, како што најавуваат, ќе продолжи да го вложува своето групациско знаење и ресурси и во обезбедување на високвалитетни и конкурентни услуги на двата македонски аеродрома.

ТАВ Аеродроми од 2010 година досега во двата македонски аеродроми има инвестирано над 300 милиони евра и на скопскиот и охридскиот аеродром вработува над 1.000 луѓе – во ТАВ Македонија, како аеродромски оператор, како и во сестринските фирми БТА, АТУ, ТАВ Технолоџис и ТАВ МОС.

Во првите осум месеци годинава ТАВ Аеродроми опслужи 2,1 милион патници (2.128.981) на двата македонски аеродрома, што е 4% зголемување во однос на лани и 17.196 лета што е за 12% повеќе од истиот период во 2023 година.

Share This Article