Тасевски: Слава им на сите полицајци кои го дадоа животот за мирот и безбедноста на државата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По повод 7-ми Мај, Денот на полицијата, се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

-Во свое и во име на кабинетот на Бирото за јавна безбедност при МВР, на сите полициски службеници, пензионирани, поранешни полициски службеници, кадети, но и на сите вработени во Министерство, ви го честитам празникот. И притоа, искрено убеден дека како до сега, така и во иднина ќе продолжиме со воспоставениот континуитет на квалитетно и ефикасно реформирање на полицијата и на полициската служба. Ви посакувам успех како на професионален, така и на личен план, рече Тасевски.

 

 

Слава на сите кои го дадоа животот за мирот и безбедноста на државата!

Share This Article