More

    Таравари „загрижен“ за европската перспектива

    spot_img

    Ако биде загрозена европската перспектива на Македонија, тогаш можно е да се случи радикализација на албанските партии во земјава, предупреди лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

    Тој во интервју за ТВ Шења рече дека неможноста да се отвори Уставот и да се внесат Бугарите во Преамбулата би направило да влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да има излез.

    – Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Северна Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе – изјави Таравари, пренесе порталот Зум.

    Лидерот на Алијанса за Албанците упати критики и кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ за која вели дека има нејасна визија за европската иднина на земјава.

    Тој го повика лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски да биде искрен и да каже што ќе биде со Македонија ако годинава не почне преговори со ЕУ поради противењето за внес на Бугарите во Уставот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img