More

    Таравари вели дека поддршката од Косово и Албанија е огромна

    spot_img

    „Премиерот на Косово Албин Курти ме охрабри да се кандидирам како претседател на Македонија. Тој и премиерот на Албанија Еди Рама постојано настојуваат да ги олеснат процесите во Македонија. Тие двајцата имаат авторитет и влијание во Македонија“, изјави лидерот на Алијансата за Албанците во емисијата „Рубикон“ на ТВ Клан Косово. Ова го објави ТВ Шења од Скопје.

    ТВ Шења пренесува: Кандидатот од обединетата албанска опозиција за претседател на Македонија, Арбен Таравари, кажа зошто одлучил да влезе во претседателската трка. На една неформална средба со членови на Алијансата за Албанците тој се искажал категорично против неговото кандидирање за претседател на државата, но и оти анкетите му го смениле мислењето.

    – Имавме неформална средба во мојата канцеларија во општина Гостивар. Таму беа и Зијадин Села и министерот за правда. Таму беше кажано дека е добро да се кандидира или Зијадин, или Арбен. Бев категоричен дека не сум заинтересиран да се кандидирам за претседател. Ова верување го имав некое време. Но, ме премислија анкетите, што ги видов, и охрабрувањето, кое го добив. Анкетите покажаа многу добри и многу надежни бројки дека е можно да се оди во вториот круг – изјави Таравари.

    Запрашан дали премиерот на Косово Албин Курти повлијаел врз неговата одлука да се натпреварува за претседател, Таравари одговори дека Курти го охрабрил да стори такво нешто.

    „Охрабрување имаше и од премиерот Курти. Зборувавме еднаш или двапати за тоа со Курти, имаше охрабрување од негова страна. Тој кажа мислење дека јас можам да бидам личноста, што може да ги обедини сите албански партии и да бидам единствен кандидат“ –нагласи Таравари.

    Таравари напомна дека премиерот на Косово Албин Курти и премиерот на Албанија Рама постојано настојуваат да ги олеснат процесите во Македонија и оти тој има коректни односи со нив двајцата.

    „Во 2020 година на парламентарните избори Курти ни помогна, речиси на секој собир на Алијансата имаше претставници на Ветевендосје. Имаме коректни односи со Курти уште откога и ние и тој бевме во опозиција. Апсолутно нѐ поддржуваше, не само сега, туку постојано. Многу коректни односи имаме и со Еди Рама. Премиерите на Албанија и Косово се личности кои имаат авторитет и влијание во Македонија – посочи лидерот на АА Арбен Таравари во емисијата „Рубикон“ на ТВ Клан Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img