Стручна комисија формирана од министерот Арбен Таравари ќе утврдува дали имало грешки во третманот на тримесечното бебе на Детската клиника, кое има траги на насилство на едната рака.
Родителите вчера обвинija дека нивното дете, има модринки по телото кои му ги направила некоја од медицинските сестри додека бебето било хоспитализирано една недела на одделот за имунологија.
Според директорот на Клиниката, Комисијата ќе истражува дали се направени пропусти, а извештајот се очекува да биде готов за неколку денови.
По веста дека бебето е со траги на насилство, министерот Таравари заедно со директорот на Детската клиника синоќа се сретнаа со семејството на детето, по што Таравари и самиот потврди дека станува збор за видливи повреди на раката на бебето и рече каква и да е вистината, виновниците ќе бидат казнети.
-Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите – рече Арбен Таравари, министер за здравство.