More

    Таравари: Оптимист сум за уставните измени

    spot_img

    Оптимист сум за уставните измени изјави Арбен Таравари од Алијансата за Албанците денеска во Тетово по одржаниот вонреден  петти конгрес под мотото „Промената продолжува“.

    – Мислам дека ќе има уставни измени. Јас сум многу оптимист дека до крајот на годината ќе најдеме можност за уставни измени- изјави Таравари.

    На прашањето за барањето  на ДУИ за предвремени парламентарни избори, заедно со локални избори, Таравари изјави дека ако има консензус меѓу политичките партии, тоа не е проблем.

    – Во принцип, нема никаков проблем за избори, но пред 5 месеци имавме избори, следните избори се следната година, во 2025 година, но тие се локални избори. Ако сега имаме избори, нема да се смени ништо убедливо. Мислам дека ќе има интересни настани во овој период, па да дадеме време, да видиме дали партиите повторно ќе побараат избори по Нова година – вели Арбен Тараври.

    Интересни настани, како што ги нарекува Таравари, најави и Мицкоски, алудирајќи на криминални и корупциски афери од составот на претходната влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img