Таравари не открива имиња, ама вели дека за брзо време ќе се дознае вистината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за здравство Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства.

Тој не спомна конкретни имиња.

– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму – рече Таравари.

За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека Вреди ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии – рече Таравари.

Share This Article