Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари верчерва изјави дека партијата уште не одлучила како ќе оди на избори и оти сите опции се можни. Изборите, според него, би требало да се одржат на крај на март почеток на април следната година заедно со претседателските избори.
– Низ партиските тела ќе ги анализираме сите околности како е најдобро за нашата партија – рече Таравари во интевју за Сител.
На прашањето дали е во игра заеднички настап со актуелната владината коалиција, рече дека не исклучува ништо. Меѓутоа, смета дека АА би било најдобро да излезе сама на избори.
-Ние секој месец правиме анкети и ги земаме оние што ги прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И релативно добро стоиме. Мислам дека првата опција, според мене, меѓутоа одлуката не зависи само од мене, најдобро би било сами да одиме, но не исклучувам сите можни опшции за комбинации – рече Таравари.
Алијанса за Албанците, како што вели, со сите политички партии има коректни односи.
-Јас не исклучувам соработка со ниту една политичка партија особено во македонскиот блок. Имаме коректни односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ – рече Таравари.
За функционирањето со ДУИ во владината коалиција вели дека е „нужно зло“.
– Мора да се функционира и сега некако функционираме овој период до следните збори заедно со ДУИ и СДСМ. Меѓутоа, морам да кажам дека кога ние кажувавме дека ДУИ е метастазирано и инфилтрирано низ сите институции во Македонија и е сериозен проблем за државата, тогаш тоа беше некако маргинализирано како никој да не не сваќаше сериозно. И сега кога слушам дебатни емисии низ сите телевизии одредени аналитичари го повторуваат тоа – рече Таравари.
Потврди дека е се уште на истиот став за ДУИ.
-И да било перфектно многу е 20 години. Албанскиот политички блок има потреба за промени. Да и дадеме шанса на една друга партија барем еден мандат, а здраво е и за ДУИ да излезе во опозиција – рече тој.
Таравари истакна дека е задоволен од работата на министрите на Алијансата на Албанците. Поинакви сме и чисти, додава тој.
Потенцира дека министерот за правда Кренар Лога, според него, прави револуција во правниот систем, а тоа го гледа во повеќе настани што порано биле цензурирани, а, како што вели, сега веќе е отворен правниот систем и транспарентен.
– Ако имало некогаш нешто да се случува во фелата на правото, тоа е сега во овие четири месеци. Законот за избори, меѓународна конференција за ветинг, отворање на повеќе проблеми кои што беа под тепих, едно од тоа е и изводот на родени во кое ќе стои графата за националност. Јас мислам дека не е ништо трагично. Ако се вратиме назад тоа е зкаон кој што уште функционира – рече Таравари.
Според претседателот на Алијанса на Албанците не се отвора проблем, туку се превенира проблем со изводот за матична евиденција.
– Ова што го работи Кренар е превенција. Што има лошо во изводот да стои Македонец или Албанец. Многу Македонци ќе бидат внимателни и нема да се запишат како Бугари – вели Таравари.
Тој укажа на злоупотреби што се прават со балансерот за вработување.
– Оваа драма што се прави сега дека ќе се злоупотреби од Бугарите мислам дека нема врска, дури може да се превенира. Освен ако законските норми предвидуваат дека ова треба да запре ние не сме против тоа, но ако е во склоп на зкаонот зошто да не – вели Таравари.
За состојбите во градот Скопје, каде деновиве се соочуваме со штајк на вработените во Комунална хигиена, вели дека околу една година немаат комуникација со градоначалничката Арсовска.
– Најголема грешка што сме ја направиле последните години како политичка партија е што сме ја поддржавме Данела Арсовска – изјави Таравари.