Таравари: Бебето кое вчера почина на Детската клиника во Скопје претходно било одбиено за сместување на клиниката и кој и да е виновен за случајот, мора да сноси одговорност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бебето кое вчера почина на Детската клиника во Скопје претходно било одбиено за сместување на клиниката и кој и да е виновен за случајот, мора да сноси одговорност, потврди министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој призна дека детално е запознаен со случајот, но причината зошто девојчето не било хоспитализирано на клиниката и сите подетални информации околу случајот ги очекува од комисијата која утре ќе ги истражува двете клиники каде бебето беше лекувано.

– Вратено било од клиниката, но дали поради лекарска грешка или поради незнаење, јас денеска не можам да судам. Соодветните органи во државата треба да испитаат се во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем – порача Таравари.

Четиринаесетмесечното бебе вчера почина на Клиниката за детски болести откако, како што вели очајното семејство, неколку пати било одбиено за хоспитализирање.

Родителите изјавија дека неколкупати побарале помош од Клиниката за детски болести но биле вратени дома. Кога детето со влошена состојба било однесено во болницата во Козле, од таму се јавиле на Детската клиника и итно било пратено на клиника.

Share This Article