More

    Таравари: Администрацијата да работи шест часа без пауза во текот на најстудените месеци декември и јануари, а тие месеци учениците да имаат распуст или да учат онлјан.

    spot_img

    Администрацијата да работи шест часа без пауза во текот на најстудените месеци декември и јануари, а тие месеци учениците да имаат распуст или да учат онлјан. Ова се идеите кои градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, ги изложи по денешната седница на Советот за развој на Полошкиот Плански Регион.

    – Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август – рече Таравари.

    – За училиштата веќе дадовме упатство дека спортските сали не работат во текот на зимата. Наставата по физичко теоретски треба да се одржува во училници, во ходниците да нема греење, само во училниците и побаравме од директорите да штедат струја колку што можат – додава тој.

    Деветте општина од Полог веќе доставиле вакво барање со предлог до Министерството за образование и Заедницата на единиците на локалната самоуправа.]

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img