More

    Тараваери и Андовски ја посетија општина Илинден за да изршат увид во градежните активности за изградба на новиот здравствен дом

    spot_img

    Министерот за здравство, Арбен Тараваери, и заменикот-министер, Јовица Андовски, денеска ја посетија општина Илинден за да изршат увид во градежните активности за изградба на новиот здравствен дом.

    Министерот зборуваше дека новиот здравствен дом ќе им обезбеди здравствени услуги на 30.000 граѓани, со што целта е вработување општи лекари и разни специјалисти како педијатар, општ интернист, специјалист гинеколог и друг медицински кадар, кои би ги опслужиле сите граѓани во општината.

    – Се надевам дека пред Нова година ќе го видиме објектот опремен со медицински персонал – изјави Таравари.

    Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, рече дека тие пред неколку месеци почнале да работат на градбата која била амбуланта стара повеќе од половина век.

    – Градбата беше во лоша ситуација, беше ветуван здравствениот дом, но не беше остварен – објасни Георгиевски, заблагодарувајќи му на министерот Таравари за покажаниот интерес од Министерството за здравство.

    Инвестицијата се реализира брзо, како што вели тој, а до крајот на годината се очекува да се заврши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img