Тапанарот Тревис Баркер бил итно пренесен во болница на носилки, а неговата сопруга Кортни Кардашијан не се одвојувала од него за време на постапката.
Музичарот е виден како лежи на носилка пред медицинскиот центар Седарс-Синаи во Калифорнија во Лос Анџелес.
Неколку минути откако веста стигна до насловните на американските медиуми, ќерката на Тревис, Алабама, на својот инстаграм-профил ги повика обожавателите да се молат за нејзиниот татко со изјавата: „Ве молам испратете ги вашите молитви“, придружена со тажен емотикон, пренесува „Page Six“.
Само неколку часа претходно Баркер објавил порака на Твитер – „Боже, спаси ме“.
Портпаролите на парот не се огласиле да ја откријат причината за хоспитализацијата на музичарот.
Баркер и Кардашијан неодамна се венчаа, приредувајќи велелепна венчавка во Италија.
ФОТО: Инстаграм/Твитер