More

    Тапанарот на познатата група „Би џис“, Денис Брајон почина на 76-годишна возраст, што го прави вториот тапанар на бендот кој почина изминатата недела

    spot_img

    Тапанарот на познатата група „Би џис“, Денис Брајон почина на 76-годишна возраст, што го прави вториот тапанар на бендот кој почина изминатата недела.

    Музичарот свиреше со бендот помеѓу 1973 и 1981 година и почина во Нешвил во четвртокот, на 14 ноември, само четири дена пред смртта на колегата од бендот Колин „Смајли“ Петерсен на 78-годишна возраст.

    Веста за смртта на Денис ја објави колегата музичар Блу Вивер, кој свиреше со него во рок групата Амен Корнер.

    Тој на својот Фејсбук ја откри поразителната вест и изрази шокираност и тага, објавувајќи:

    „Во моментов сум изгубен, немам зборови… Денис почина“, напиша тој и продолжи:

    „Кејт, сопругата на Денис само ми се јави и ме праша дали ќе ги известам сите мои пријатели и обожаватели. Ова беше невиден шок“.

    Музичарот и продуцент, Колин Петерсен, почина на 18 ноември, на 78-годишна возраст, само четири дена по неговиот колега чија смрт беше држена во тајност.

    Колин одигра клучна улога во успехот на познатата група „Би Џис“, како уникатен тапанар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img