Вечерва со почеток во 20ч., на сцената на Дом на АРМ во Скопје, публиката ќе има можност да ја проследи претставата „Само среќа“ на Томео Вержес, во изведба на Сандрине Мајзонев.
Томеo Вержес се бави со прашањето што значи да се биде жена? На кои кодекси, на каков социјален притисок треба да подлежат жените? Според Сандрин Мејзонев во ова дело таа „продира во територијата на жените преку нивните полиња на дејствување и средината во која тие се развиваат. „Само среќа“ го доведува во прашање условувањето на жените и нивниот еманципаторски потенцијал. Не постои желба да се исклучи некој дел од животно дејствување, туку желба да се фокусира вниманието на повеќеслојноста на функционирањето на животот на жената. Некои ќе определат за грижа за домот, за децата, оставајќи ги настрана сите облици на работа и други лични потреби.
Универзумот на Томео Вержес е фантастичен свет кој е истовремено театарски и хумористичен. Танцот на неговото друштво е сурово, енергично, енигматично и пулсира во ритмот на најдлабоките импулси на човекот, како суштеството облагородено со говорот. Неговиот театарски универзум, на неочекувани начини го гради просторот во различни текстури. Делото на Томео Вержес е вкотвено во најголемите и најделикатните човечки страсти. Страсти кои владеат со нашите денови и ни ги осветлуваат ноќите како стражарска кула. Идејите во неговите кореографии се движат помеѓу точно и лажно, прескокнувајќи ги границите. Насловите на неговите дела, како „Време на телото“, „Идиоти“, „Внатрешни убиства“, веднаш го пренесуваат тонот на претставата и ни отвораат прозорец кон неговите преокупации. Томео Вержес е познат по специфичните дела и короеграфии кои ги создава, но и по работата во областа на едукацијата, преку работилниците и настаните што ги води за луѓе од сите возрасти и способности. Томео Вержес, ја основа компанија Man Drake во 1992 година, со која го негува концепт за животот и танцот, кој е нераскинливо врзан со театарот на апсурдот.
Сандрин Мејзонев дипломира на Националниот конзерваториум за музика и танц во Лиони, каде се обучува во областа на изведба и педагогија на современиот танц.