Министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер, најави дека војската на нејзината земја ќе учевствува во силите за брза интервенција на Европската Унија.
– Неутралноста на Австрија не е пречка за учество во единиците за брза интервенција – вели министерката.
Танер предочи дека ЕУ во иднина ќе се соочува со голем број на предизвици.
– Војната на Путин во Украина покажа колку ни е потребна заедничка надворешна и безбедносна политика – изјави таа.