More

    Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон и Славица Еклстоун, понуди награда до седум милиони евра за информации коишто би довеле до враќање на некои од нејзините скапоцени предмети кои и биле украдени

    spot_img

    Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон и Славица Еклстоун, понуди награда до седум милиони евра за информации коишто би довеле до враќање на некои од нејзините скапоцени предмети коишто беа украдени во најголемата кражба во Велика Британија во историјата.

    Проценетата вредност на украдениот накит, готовина и скапоцени камења, инаку, е 29,4 милиони евра.

    Тамара во неделата на Инстаграм сподели дека со задоволство би доделила награда од 25 отсто од вредноста на сè што полицијата ќе успее да го врати врз основа на информациите што ги добива од изворот.

    „Сега сум ќе го направам она што сакав да го направам од почетокот, и тоа во стил Мел Гибсон од филмот ‘Откуп’. Со задоволство ќе платам награда за враќањето на мојот или украдениот имот на Џеј и за фаќањето и гонењето на Даниел Вуковиќ.

    Помислата на овие одвратни луѓе да претураат низ секоја соба во мојата куќа, да провалат во мојот дом, да ги допираат моите работи и да украдат некои од моите најскапоцени предмети, значи дека никогаш нема да можам да бидам во таа куќа со истото чувство на безбедност, што некогаш го имав“, додаде таа. За потсетување, во декември 2019 година, вилата на Тамара Еклстоун во западен Лондон беше една од трите куќи на познати личности кои беа ограбени од меѓународни крадци. Тамара била на одмор во Лапонија со сопругот Џеј Рутланд, нивната ќерка и кучето кога од нивниот дом во Палас Грин биле украдени вредните предмети.

    Тројца Италијанци одговорни за грабежот беа фатени во ноември 2021 година и осудени на затворска казна.

    Четвртиот човек – Даниел Вуковиќ, кој учествувал во грабежот, сѐ уште не е фатен, а токму за неговото откритие Тамара нуди висока награда на извор кој на полицијата ќе ѝ открие информации за него.

    Полицијата соопшти дека верува оти бандата извршила слични злосторства врз жртви од висок профил низ Европа и планирала дополнителни кражби во домовите на богати и славни во Обединетото Кралство. Ниеден од украдените предмети на семејството Еклстон, освен еден пар обетки, не е пронајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img