More

    Талибанците им забранија на жените да се запишуваат на универзитети

    spot_img

    Авганистанското Министерство за високо образование, со кое раководат талибанците, им забрани на жените да се запишуваат на факултети, се наведува во писмото испратено до приватните колеџи и високообразовни институции, јави локалната телевизија Толоњуз.

    Во писмото се наведува дека жените „до понатамошно известување“ не смеат да се запишуваат на факултети. Откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година, Авганистан стана единствената земја во светот што негира образование на жените. Првично, тие им забрануваа на девојчињата да посетуваат основно училиште по шесто одделение, пренесува Хина.

    Талибанците го наведоа кршењето на исламските кодекси за облекување и заедничкото образование со мажи како причина за забраната на жените од факултет.

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика екстремистите да ја поништат забраната за средно и високо образование за жените, а Организацијата за исламска соработка, меѓувладина организација која ги вклучува сите земји со мнозинско муслиманско население, го отфрли тврдењето на талибанците дека нивниот третман кон жените и девојчињата е во согласност со шеријатскиот закон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img