More

    Тајванската телевизија по грешка објави дека Кинeзите нападнале

    spot_img

    Телевизиска станица поддржана од тајванската влада се извини и ги повика луѓето да не паничат откако погрешно објави дека Кина го нападнала Тајпеј и дека „може да избие војна“ во порака на дното од екранот, пишува Нова. За време на вестите емитувани утринава, било прикажано предупредување за воени бродови и критична инфраструктура наводно погодени од кинески ракети.

     

     

    Предупредувањата вклучувале пораки дека „може да избие војна“, дека голема железничка станица во Тајпеј е запалена од „кинески агенти“ и дека тајванскиот претседател прогласил вонредна состојба.

    – Граѓани, не паничете, ова ја разјаснува информацијата и се извинуваме – изјавила водителката на телевизијата.

    Водителката рекла и дека предупредувањата биле наменети за вежбање на противпожарната служба во Њу Тајпеј Сити во вторник, но биле прикажани во средата наутро поради техничка грешка.

    Во Тајпеј немало знаци на паника по објавувањето на лажните информации.

    Да потсетиме, Тајван го подигна нивото на подготвеност откако Русија ја нападна Украина, плашејќи се дека Кина ќе направи сличен потег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img