Тајван го потресе земјотрес со јачина од 6,3 степени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер го погоди денеска Тајван. Потресот бил почувствуван низ целиот остров, а засега нема извештаи за штети, јавуваат локалните медиуми, француската новинска агенција АФП.

Според Американскиот геолошки институт, земјотресот се случил на длабочина од 27 километри и на околу 70 километри југозападно од јапонскиот остров Јонакуни, кој се наоѓа веднаш до Тајван.Тајван и неговата околина често се погодени од земјотреси, бидејќи се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи. Во март земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала погоди згради во близина на источниот брег на Тајван, при што беше повредено едно лице и урна полуизграден мост на истокот од островот, пренесува АФП.

Share This Article