More

    Тајсон: Како може некој искрено да те сака ако имаш 500 милијарди?

    spot_img

    Легендарниот Мајк Тајсон беше домаќин на психотерапевтот Шон Мекфарланд во неговиот подкаст „Hotboxin’ with Mike Tyson“, а во разговорот со него ги откри своите ставови за славата и парите што ги стекнал во текот на кариерата.

    Иако е во пензија, еден од најдобрите на сите времиња Мајк Тајсон привлекува внимание.

    Со мрачен тон го започна разговорот со спортскиот психотерапевт во неговата емисија.

    „Сите ќе умреме еден ден. Неодамна често се гледам во огледало и гледам дамки на моето лице, кои претходно ги немаше. Си велам дека сум при крај, дека многу брзо ќе умрам“, рекол Тајсон и додал:

    „Дури неодамна сфатив дека се е релативно. Пари се, ништо не ми значи. Секогаш им кажувам на луѓето кои мислат дека парите ќе ги направат среќни дека сето тоа е лага. Кога имаш пари, не можеш да очекуваш некој да те сака. Како некој искрено ќе ти ја признае љубовта кога имаш 500 милијарди долари“.

    Тајсон додаде дека парите даваат само лажно чувство на сигурност.

    „Мислите дека ништо не може да ви се случи. Не верувате дека банките некогаш можат да пропаднат. Верувате дека сте непобедливи кога имате многу пари, но сето тоа е лага. Секогаш повторувам дека сето тоа е илузија“, заклучи Тајсон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img