More

    Тајната служба ја осуди реториката на Маск на Икс

    spot_img

    Американската тајна служба во понеделникот соопшти дека е запознаена со објавата на милијардерот Илон Маск на платформата за социјалните медиуми Икс, во која  Илон Маск иронично праша „зошто нема атентати врз американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис“, пренесува Ројтерс.

    „И никој не се ни обидува да го убие Бајден/Камала“, ја заврши Илон Маск својата објава, до која залепи емотикон на лице со крената веѓа.

    Но, по бурните реакции од самите корисници на Иск, твитерџиите, Маск ја избриша објавата.

    И покрај тоа што Маск ја избриша објавата, Тајната служба на САД соопшти дека го забележала коментарот на познатиот техномилијардер.

    „Тајната служба е свесна за објавата на Илон Маск на социјалните мрежи и како пракса, ние не коментираме за прашања кои вклучуваат заштитно разузнавање“, изјави портпаролот за Ројтерс по е-пошта.

    „Можеме, сепак, да кажеме дека Тајната служба ги истражува сите закани поврзани со нашите штитеници. Портпаролот одби да прецизира дали агенцијата контактирала со Маск, кој се чинеше дека во следните објави сугерираше дека се шегува.

    „Па, една лекција што ја научив е дека само затоа што ѝ кажувам нешто на група и тие се смеат не значи дека ќе биде толку смешно како објава на Икс“, напиша тој.

    „Излегува дека шегите се помалку смешни ако луѓето не го знаат контекстот, а мојата порака е обичен текст“, додаде контроверзниот милијардер.

    Ова наводно извинување на Маск пред американската јавност не го поштеди од критиката на Белата куќа.

    – Насилството треба само да се осудува, никогаш да не се охрабрува или да се шегува. Оваа реторика е неодговорна – изјави во понеделникот портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img