More

    Тајмер за одложено исклучување на видеата – од 10 до 45 минути

    spot_img

    Видеоплатформата Јутјуб воведува новости на барање на корисниците, па така, сега на пр. ќе може полесно да се подесува брзината на снимката, т.е. да се постави репродукција на 0,05x, наспроти 0,25x како досега, додека максимумот и натаму останува 2x. А, при рака ќе го имаме и „тајмерот за спиење“, соопшти американската компанија.

    Имено, корисниците на популарната видеоуслуга ќе можат да го наместат времето на исклучување на видеата – за 10, 15, 20, 30 или 45 минути, еден час или по завршувањето на тековното видео. Овие опции, се наведува, претходно беа достапни само за претплатниците на „Јутјуб премиум“.

    Подобрувањето на пребарувањето во „Лендскејп“-опцијата за „ИОС“ е најавено за подоцна оваа година, а „Ин-апп“ миниплеерот веќе може да се менува во големината и да се прелистува. Корисниците, исто така, можат да креираат заеднички плејлисти, како и да прават свои слики и видеа користејќи сопствении фотографии или генерирачка вештачка интелигенција.

    На апликациите Јутјуб и Јутјуб мјузик на мобилните уреди пристигнуват и значки, наменети, на пр. – за првите претплатници, членовите на каналот, за лице кое правилно решава квизови и многу повеќе.

    Јутјуб за ТВ, пак, добива побогато „кино-чувство“, се вели, што може да значи повеќе светлечки и новитети во боја, како и други ТВ-ефекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img