More

    Тајланд донесе закон за истополови бракови

    spot_img

    Тајландскиот Сенат денеска со големо мнозинство го усвои законот за истополови бракови.

    Така, Тајланд стана првата земја во Југоисточна Азија која усвои ваков закон.

    За усвојување на законот во Сенатот гласаа 130 од 152 членови. Четворица беа против, а 18 воздржани.

    Предлог-законот сега треба официјално да биде одобрен од кралот Маха Ваџиралонгкорн.

    Ги гарантира сите правни, финансиски и здравствени права на брачните партнери од кој било пол, а зборовите мажи, жени, маж и жена се менуваат во поединци и брачни партнери.

    Во Азија досега само Тајван и Непал дозволуваа истополови бракови.

    Тајланд има репутација на прифаќање и инклузивност, но борбата за донесување на овој закон трае со децении.

    Тајландското општество е главно конзервативно, а членовите на ЛГБТ заедницата велат дека се соочуваат со дискриминација во секојдневниот живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img