Според последните податоци, бројот на загинати од тајфунот Јаги во Виетнам се искачи на 35, соопштија локалните власти, пренесоа странските новински агенции. По уривањето на мостот, поплавите и свлечиштата, најмалку 24 лица се уште се водат како исчезнати. Повеќе од 200 се повредени, а многу места се уште се соочуваат со опасност од лавини и прекини на електрична енергија.
Тајфунот Јаги, кој во последните денови го опустоши северен Виетнам, однесе најмалку 35 животи, според последните податоци, според Ројтерс, соопштија виетнамските власти. Најмалку 24 лица се уште се водат како исчезнати, најмногу поради поплави и лизгање на земјиштето.
Мост се урна денеска во провинцијата Фу То, фрлајќи најмалку три камиони, два автомобили и неколку мотори во бесната вода. Најмалку 13 лица се водат како исчезнати, но не знаат точно колку луѓе имало во возилата, јавува германската новинска агенција dpa. Спасувачите досега успеале да спасат четири лица.
Надлежните власти предупредуваат и на опасност од нови поплави и свлечишта, што особено се однесува на приближно 130 населени места во планинските провинции на северот од земјата. Северот на Виетнам, исто така, сè уште се соочува со прекин на електричната енергија – 5,7 милиони луѓе останаа без струја во саботата и неделата, а последиците од невремето сериозно се одразија на производството и економијата.
Тајфунот Јаги во ВиетнамТајфунот Јаги во Виетнам Фото: Тин Нгујен/РЕЈТЕРС
Оштетени се неколку илјади куќи и илјадници хектари оризови полиња
Тајфунот предизвика и голема штета. Оштетени се повеќе од 3.000 куќи, поплавени се 120.000 хектари оризови полиња, а уништени се повеќе од илјада риболовни терени, пренесува француската новинска агенција АФП.Јаги беше најсилниот тајфун во областа во повеќе од една деценија и најсилниот во северен Виетнам во последните 30 години. Со себе донесе обилни врнежи и силни налети на ветер со брзина и до 200 километри на час. Потоа ослабе до тропска бура до недела навечер по локално време. Пред да стигне до Виетнам во саботата, ја опустоши и јужна Кина и Филипините, одземајќи најмалку 24 животи во двете земји.