Тајфунот „Ампил“ му се приближува на градот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тајфунот „Ампил“ утринава продолжи да се движи кон Токио и другите источни области на Јапонија, а метеоролошката агенција ги повика жителите да се подготват за силни ветрови и обилни врнежи.

Откажани се голем број летови и тргнувања на возови.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди на силни ветрови, лизгање на земјиштето, поплави и високи бранови, пренесуваат јапонските медиуми.

Се очекува тајфунот да донесе ветрови до 216 километри на час.

Возните линии меѓу Токио и Нагоја во централна Јапонија, закажани за денеска, се суспендирани, а бројот на возови до и од Осака во западна Јапонија е ограничен.

Откажани се околу 650 меѓународни и домашни летови до и од аеродромот Ханеда во Токио и до и од аеродромот Нарита, источно од јапонската престолнина, што им влијаеше на околу 120.000 патници.

Метеоролозите прогнозираат дека тајфунот денеска ќе донесе до 300 милиметри дожд на квадратен метар во регионот Канто-Кошин, кој го опфаќа Токио.

Share This Article