Поранешниот претседател на Србија и претседател на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ во интервју за Нова изјави дека не би го потпишал француско-германскиот предлог за Косово и дека актуелната влада има историска одговорност кога станува збор за решавање на косовското прашање. Тој истакна дека најголемиот апсурд е што владата на Вучиќ го изгуби Косово по мирен пат.
– Одговорноста на оваа влада за позицијата на Србија денес во контекст на решавање на косовското прашање е огромна, а ако се земе предвид дека истите овие (политички партии и) опции беа на власт во деведесеттите, секако може да се зборува и за историска одговорност. Се разбира, земам предвид дека најголемиот дел од историската одговорност е на оние кои можеа да одлучуваат за ова прашање пред 1990-тите, а особено пред Уставот од 1974 година. Во текот на 1990-тите Србија го загуби Косово во војната, а тоа е апсурдно што го губи во последната деценија го загуби и во мир.
Поранешниот српски претседател постети дека тој своевремено одбил да го потпише Бриселскиот договор.
– Она што сум го видел досега и што се појави во јавноста, не би го потпишал. И за разлика од сите други, ова не го кажувам на демагошки начин, туку стојам зад тоа со моја страна, бидејќи одбив да го потпишам она што подоцна го потпиша оваа влада како Бриселски договор.
Тадиќ не смета дека ако се потпише германско-францускиот предлог тоа ќе значи автоматско забрзување на евроинтеграцијата на Србија, туку дека овој процес ќе биде отежнат:
– Доколку се потпише договор во рамките за кои денеска се разговара во јавноста и меѓународните кругови, ќе биде многу потешко. Речиси невозможно. Оваа влада, денес тоа е очигледно, мора да била свесна за барањата што ќе бидат поставени пред Србија најмалку неколку месеци претходно и не направила ништо за да го спречи тоа. Потсетувам дека ниту во септември на Генералното собрание на ОН, Вучиќ ниту еднаш во својот говор не кажа дека членството на Косово во ОН е неприфатливо за Србија.