Тачи тврди дека ОВК не тргувала со човечки органи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за злосторства во Косово и Албанија, денеска пред судот во Хаг, негираше дека ОВК тргувала со човечки органи на затвореници во 1999 година и повтори дека не е виновен за делата во обвинението.

– Светот сега знае, како резултат на овие процеси, дека немало трговија со органи и дека Жолтата куќа никогаш не постоела. Сега знаеме дека јас и ОВК, и народот на Косово и сите Албанци сме ослободени од тоа обвинение – рече Тачи алудирајќи на обвинението во кое не се споменува трговија со органи, пренесува Бета.

Тачи го нарече „застрашувачко“ тврдењето од извештајот на Дик Марти, специјалниот известувач на Советот на Европа, објавен во 2011 година, дека ОВК и тој лично биле вклучени во трговијата со човечки органи.

Обвинетиот рече дека „веднаш побарал меѓународната заедница да спроведе независна истрага“ за тие обвинувања.

– Меѓународната заедница ми одговори дека е неопходен специјален суд за да се укине црниот облак од обвиненија за трговија со органи, кој висеше над Косово… Вистината сега е кажана и црниот облак се крена над Косово – рече Тачи.

Тврдејќи дека неговото „жртвување“ затоа „било вредно“, Тачи нагласи дека очекува на крајот од судењето да биде ослободен од сите обвиненија.

Share This Article