Тачи и останатите се изјаснија за невини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства.

Тој се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година.

– Го разбирам обвинението и се изјаснувам за невин – им рече тој на судиите по почетокот на постапката.

Во Хаг денеска почна судењето на поранешните лидери на ОВК обвинети за злосторства врз Срби, неалбанци и политички неистомисленици.

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени.

На првиот ден од судењето воведниот говор ќе го одржат обвинителите. Потоа, во текот на неделата, воведниот говор ќе го има правниот застапник на повеќе од 140 жртви, на кои судот им одобри да учествуваат во судењето.

Тачи (54) поранешен претседател и поранешен лидер на ОВК поднесе оставка од функцијата шеф на државата веднаш по подигнувањето на обвинението и е во притворската единица на судот во Хаг.

Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на Парламентот, се соочуваат со истото обвинение како и поранешните припадници на ОВК.

Share This Article