Таа си пешачела, а тој ја демнел, па ја кутнал на земја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 26 февруари, на пешачка патека на Водно, со умисла се обидел со примена на сила, спротивно на јасно изразената волја на една жртва, врз неа да изврши полов напад и силување. Додека оштетената пешачела и се искачувала на пешачката патека, осомничениот со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земја, па легнал врз неа со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице, по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот. Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата Востаничка во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика по помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците (жртви) на кривично дело и околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

Share This Article