Таа е најстарата стјуардеса на светот, а сега го собори и Гинисовиот рекорд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жена (86) од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврдија Гинисовата книга на рекорди, објавија локалните американски медиуми.

Бет Неш (86) почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines и продолжи да работи за American Airlines до денес без никаков прекин во вработувањето, Гинис го потврди овој светски рекорд на 1 јули.

Неш рече дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа и овозможува да се враќа дома ноќе и да се грижи за својот син со хендикеп.

Гинис наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот.

Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.

„Требаше да имате одредена висина, требаше да имате одредена тежина. Порано беше ужасно. Добиваш неколку килограми и мораш да продолжиш да се мериш, а ако останеш така, ќе ти го тргнат од платата“, изјави таа за WJLA-TV.

Share This Article