More

    СЗО: Можен нов, многу поопасен вид на коронавирус, отпорен на сегашните вакцини

    spot_img

    Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека е сосема реално да се појави нов, многу поопасен вид на коронавирус, кој ќе биде отпорен на сегашните вакцини.

    Тој посочи дека СЗО е загрижена за негативните трендови во некои региони и истакна дека бројот на смртни случаи поради Ковид се зголемува во Африка и во Западен Пацифик.

    Сè уште е рано да се прогласи крај на пандемијата, рече Гебрејезус, додавајќи дека во овој момент е многу тешко да се предвиди како ќе се промени вирусот.

    До 3 јуни, СЗО официјално регистрираше 528.816.317 случаи на коронавирус и 6.294.969 смртни случаи ширум светот, а во петокот официјално беа пријавени уште 486.278 нови случаи и 1.380 смртни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img