СЗО го опиша невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Висок советник на Светската здравствена организација (СЗО) го опиша невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“ што може да се објасни со ризичното сексуално однесување во два неодамнешни масовни настани во Европа.

Во интервју за Светската агенција, д-р Дејвид Хејман, кој го предводеше одделот за итни случаи на СЗО, рече дека водечката теорија што го објаснува ширењето на болеста е сексуалниот пренос меѓу хомосексуалците и бисексуалците на две рејв забави што се одржале во Шпанија и во Белгија.

– Знаеме дека мајмунските сипаници може да се шири кога има близок контакт со лезиите на некој што е заразен. Се чини дека сексуалниот контакт веќе го одредува тоа пренесување – изјави Хејман.

Тој факт значително отстапува од типичниот модел на ширење на болеста во Централна и Западна Африка, каде луѓето се инфицирани главно од животни како диви глодари и примати, а епидемиите не се шират надвор од опсегот.

До денеска, СЗО има регистрирано повеќе од 90 случаи на мајмунски сипаници во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија, Израел, Франција, Швајцарија, САД и Австралија. Веќе има 30 потврдени случаи во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Во Данска е регистриран првиот случај на инфекција со мајмунски сипаници кај возрасен маж кој се вратил од патување во Шпанија, соопшти денеска данското Министерство за здравство.

– Здравствените власти не очекуваат ширење на инфекцијата во Данска, но внимателно ја следиме ситуацијата за да бидеме подготвени за можно ширење на инфекцијата – нагласи министерот за здравство, Магнус Хеунике.

Заболениот моментално се наоѓа во изолација, а надлежните ги следат сите негови блиски контакти, соопшти Министерството.

Шкотска денеска, исто така, го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.

- Advertisement -
Ad image

– Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и во Велика Британија за да го истражиме изворот на инфекцијата – истакна Ник Фин, шкотски здравствен службеник.
Тој додаде дека пациентот е примен на лекување и дека се трага по луѓето кои биле во контакт со него.

Share This Article